Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, по повод светскиот ден на енергетската ефикасност, со прес на тема Енергетска ефикасност

Почитувани граѓани, почитувани новинари

Повод за денешната прес конференција е светскиот ден на Енергетска Ефикасност, кој на глобално ниво, се обележува повеќе од 20 години, а тоа е добра причина да се потсетиме на клучните проекти и политики, во оваа област, во изминатиот период.   Наша цел е да ја направиме подостапна примената на новите технологии и преку тоа да придонесеме во намалување на потрошувачката на енергија.

Примената на енергетската ефикасност е од огромно значење, и од економски и од еколошки аспект. Пресметките покажуваат дека со имплементација на солидни енергетски ефикасни решенија едно домаќинство може да ја намали потрошувачката на енергија и до 40%, а притоа да го задржи истиот квалитет на живот.

Минатата година, благодарение на политиките на Владата на РСМ, преку  Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, во Општина Берово, реализирани се голем број проекти како:

  • Во општинската зграда и Домот на Култура ,,Димитар Беровски” , променета е столаријата со нова енергетски ефикасна столарија
  • Во Русиново, е уредена дворната површина во ООУ ,,Никола Петров Русински”, со нови зимзелени дврја
  • Во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, е променета столаријата, кровот, инсталирани се печки на пелети, а исто така е инсталирана и нова енергетски ефикасна фасада
  • Во подрачните училишта на истото училиште во Митрашинци и Двориште променети се кровните конструкции

 

Домот за стари лица во Берово, е изграден под сите стандарди за енергетски ефикасни објекти, вклучувајќи сончеви панели, термо фасада, столарија и систем на затоплување.

 

Со средства од ЕУ, преку Министерство за финансии, Фотоволтаични системи се инсталирани на ОСУ,,Ацо Русковски” , ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” и Пречистителната станица за отпадни води.

Во насока на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергија, општина Берово, започна со промена на уличните светилки , со што на повеќе улици во градот, инсталирани се енергетски ефикасни светилки.

Континуирано и секојдневно зе залагаме и ги пратиме новите технологии за намалување на потрошувачката на енергија.

Продолжуваме и понатаму, да ги подджуваме сите инцијативи, бидејќи покрај економските придобивки не смееме да ги изоставиме позитивните ефекти кон животната средина.

Преку натамошна реализација на проекти, коишто ќе значат заштеда за граѓаните, но и чиста, здрава живитна средина, преку нашите заложби за енергетска ефикасност ќе придонесеме во намалување на потрошувачката на енергија на светско ниво.

Горе