ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА 2025 – УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ

БУЏЕТСКИ ФОРУМ – Втора форумска сесија Берово, 03.12.2025 г.(среда)

Општина Берово ги поканува сите заинтересирани граѓани, преставници на Здруженија на граѓани, претставници од приватниот сектор, образовни и други институции, да учествуваат на втората форумска сесија на БУЏЕТСКИ ФОРУМ, кој се организира и спроведува од страна на Општина Берово, на ден 03.12.2025 год. (среда) во големата сала во општинската зграда, со почеток во 12.00 часот.

Буџетскиот форум, е дел од процесот на учество на граѓаните во локалното одлучување, со цел да се обезбеди транспарентност, отчетност и развој според реалните потреби на заедницата.

Буџетскиот форум овозможува активно учество на граѓаните во дефинирањето и изборот на приоритетни проекти, што ќе придонесат за подобрување на условите за живот во нашата општина.

На втората форумска сесиja, присутните, преку своето учество, ќе имаат можност да изберат приоритети за планирање, кои ќе влезат во  Буџетот на Општина Берово, за 2026 година.

Вашето присуство и придонес се од особено значење!

Општина Берово

Градонaчалник

Петар Ружински

Горе