ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА 2025 – УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ

БУЏЕТСКИ ФОРУМ –Прва форумска сесија Берово, 19.11.2025 г.(среда)

Општина Берово ги поканува сите заинтересирани граѓани, преставници на Здруженија на граѓани, претставници од приватниот сектор, образовни и други институции, да учествуваат на првата форумска сесија на БУЏЕТСКИ ФОРУМ, кој се организира и спроведува од страна на Општина Берово, на ден 19.11.2025 год. (среда) во големата сала во општинската зграда, со почеток во 12.00 часот.

Буџетскиот форум, е дел од процесот на учество на граѓаните во локалното одлучување, со цел да се обезбеди транспарентност, отчетност и развој според реалните потреби на заедницата.

Буџетскиот форум овозможува активно учество на граѓаните во дефинирањето и изборот на приоритетни проекти, што ќе придонесат за подобрување на условите за живот во нашата општина.

На форумските сесии, присутните, преку своето учество, ќе имаат можност да се запознаат со реализацијата на општинскиот буџет за тековната 2025 година, да дискутираат и предлагаат приоритети за планирање на Буџетот за 2026 година, кои ќе бидат избрани на втората форумска сесија.

Вашето присуство и придонес се од особено значење!

Општина Берово

Градонaчалник

Петар Ружински

Горе