По повод Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди, ОВР БЕРОВО во соработка со Општина Берово, денеска на улиците во градот, реализираа превентивно едукативна кампања “Вози одговорно”.
На учесниците во сообраќајот, им се поделени превентивно едукативни матерјали. со цел едукација и подигање на свеста за последиците од сообраќајните незгоди.
Притоа пораките кои се испратени до учесниците во сообраќајот се :
- Сообраќајните незгоди не се случајни, туку се предизвикани од невнимателно и неодговорно учество во сообраќајот
- Сите сме потеенцијални жртви!
- Возете одговорно!
Доколку возите одговорно, придонесувате во подобрување на севкупната безбедност во сообраќајот на патиштата.