Доделени благодарници на поединци и фирми, кои придонесуваат во развој на Берово

Во рамки на Свечената седница на Советот на Општина Берово, беа доделени благодарници, на поединци и фирми, кои придонесуваат кон развој и афирмација на Општина Берово:

1. За особено афирмирање во стопанството доделена е Благодарница на Пилана ТРИ РЕКИ“ , фирма со долга традиција
2. Благодарница на Горан Алачки за посебен придонес за развој на културата, еден од најистакнатите македонски хармоникаши и композитори, автор на незаборавни фолк-хитови и многу други мелодии, кои станаа неизбежен дел од нашата музичка традиција.Посебно значајно е и неговото културно делување како уметнички директор и продуцент на новиот музички фестивал „Фолк фест Владимирово 2025“, кој на 29 мај го отвори, со емотивна порака за културна престолнина на Балканот.
3. Доделена е благодарница на ОФК МАЛЕШ, за посебен придонес во развој на спортот и успешна реализација на МАЛЕШ КУП спортски настан кој не само што ги обединува младите преку спортот, туку го зајакнува заедништвото. Овој настан, стана препознатлив симбол на фер-плејот, спортската култура и љубовта кон фудбалот, но и доказ дека кога ќе се здружат луѓе со визија и посветеност – резултатите се неминовни.
4. Благодарница на Ловен дом Берово, за посебен придонес за развој на туризамот и угостителството, за посветеноста кон развојот на туризмот, угостителството и зачувувањето на природните вредности во нашиот крај, што е значаен фактор за промоција на нашиот регион.
5. Благодарница на ОЈУЗСЛ „д-р Иван Влашки “ Берово, за посебен придонес во социјалната заштита, за нивната посветеност, човечност и професионалност
6. Доделена е Благодарница на ПАКОМАК -Друштво за управување со пакување и отпад од пакување за посебен придонес за развој на животната средина. Нивната посветеност кон унапредување на еколошките вредности, грижа за природата и одржлив развој, е пример за сите нас и значително влијае на подобрување на квалитетот на живот во нашата заедница.
7. Благодарница на Месара Тас, Берово за искрена солидарност и хуманост преку донација на храна.
8. Благодарница на Љупчо Нешовски за посебен придонес во спортот
9. Благодарница на Јованчо Пармачки – член на ППК Зегин – Берово, за поединечни постигнувања во спортот. Успехот на Јован, е пример на труд, дисциплина и спортски дух.
10. Благодарница за несебична посветеност, храброст и професионалност на сите кои учествуваа во справувањето со пожарите на подрачјето на општина Берово во 2025 година.
11. Благодарница на Фамилија Газинковски-Република Словенија во знак на неизмерна благодарност за нивниот значаен придонес и несебична поддршка на општина Берово кои значајно придонесоа кон развојот на нашата заедница, што е потврда за нашето пријателство и партнерство.

ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ КОИ НА НЕКОЈ НАЧИН ПРИДОНЕСУВААТ ВО РАЗВОЈОТ НА БЕРОВО.

Горе