Добри пристапи на локалната власт за градење на доверба на граѓаните

Вчера Градоначалникот Пекевски, учествуваше на тркалезна маса „Добри пристапи на локалната власт за градење на доверба на граѓаните“ организирана од Меѓународен републикански институт (ИРИ).

Со цел граѓаните да се задоволни од услугите на општините и да имаат доверба во нив, неопходно е, локалните претпријатија, како и другите локални установи, да применуваат и да унапредуваат мерки и услуги, кои ќе ги исполнат очекувањата на граѓаните.

Со ефикасна примена на неколку мерки  и услуги за граѓаните, кои беа посочени,  директно ќе се влијае кон градење на довербата на граѓаните, а граѓаните ќе се мотивираат да бидат активни чинители во креирањето на подобро место за живеење на локално ниво.

Добрите практики, секогаш треба да се применуваат, со цел да се зголеми задоволството кај граѓаните и полесно да добиваат услугите.

Имавме прилика, преку примери,  секој да се пронајде, што е добро а што може да биде и подобро и да определи, на кој начин може да се подобри работата на институциите и на кој начин полесно се придобива довербата од граѓаните.

Горе