Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Сл.весник на РМ 66/04, член 39 и член 42, како и согласно Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2023 година на Општина Берово, се известуваат жителите на Општина Берово дека денеска (вторник), 31.10 2023 година, на територијата на Општина Берово, во периодот од 09.00 до 16.00 часот, ќе се врши дератизација на канализациониот систем.
Дератизацијата се прави со парафински блокови за заштита од глодари и други штетници.