Денеска, во Салата Македонски Бранители, со почеток во 17:30 часот, започнува турнирот во мал фудбал, РСИ 2024 година.
Турнирот ќе го отвори Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во 17:00 часот.
Ги замолуваме сите екипи, да бидат присутни на свеченото отворање на игрите, во 17: 00 часот.
ВАЖНО ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ: потребно е да носат соодветна опрема за во сала , како би ја сочувале салата, што е во заедничка корист, за сите што ја користат.
AПЕЛ КОН ПУБЛИКАТА: да внимаваат, да не се уништуваат столчињата во салата и да се одржува соодветно ниво на хигиена.
Во првото коло, кое ќе се одигра денеска, 20.02.2024 година (вторник), ќе се одиграат следниве натпревари:
17:30 ч. Општина Берово – Угостители
18:00 ч. Роми – АРСМ Гарнизон Штип
18:30 ч. Труд Социјала и суд –Треновски ДООЕЛ
19:00 ч. Шумско и пилани-ДИК Фагус
19:30 ч. МВР Полиција -ДЕУТЗ ВИХ Двориште
20:00 ч. Приватни фирми-Образование
Почитувани спортисти, учесници во натпреварите и гледачи на турнирот , Општина Берово, како организатор на овие игри, Ви посакува добра, фер игра , да се дружиме, да се забавуваме, да го подигнеме спортскиот и натпреварувачки дух во градот, заеднички да уживаме и нека победат најдобрите.