Демант на обвинувањата на Левица- Берово, изнесени на нивниот FB профил

Општина Берово најостро ги демантира и осудува изнесувањата, наведени на официјалниот FB профил на политичката партија Левица – Берово, каде што се вели дека е донесена скандалозна одлука, со која се дискриминираат децата.

Сакаме да ја известиме јавноста дека донесената одлука, е по барање на ОСУ ,,Ацо Русковски” , со единстевена цел  да ги мотивира децата, да постигнуваат поголеми резултати и  да  бидат редовни во наставата.

Исто така, сакаме да напоменеме дека се работи за одлука која што самото училиште  ја има донесено, предвидено е во годишната програма на ОСУ ,,Ацо Русковски”  и по барање доставено до општината, од страна на Советот, за двата најдобри класа, е донесена одлуката за доделување на финансиска поддршка, за реализација на еднодневна екскурзија.

Упатуваме апел, вакви паушални напади, да не се изнесуваат во иднина, ние сме мало место и навистина е некоректно, да се изнесуваат невистини, преку кои јавноста се доведува во заблуда.

Горе