Делегација од Република Словенија во посета на Берово

Денеска наши драги гости, се Градоначалникот на Општина Крањ, Maтјаз Раковец и Пратеничката на Движење Слобода, Сандра Газинковска, од Република Словенија.
Градоначалникот Звонко Пекевски, заедно со Претседателот на Совет, Петар Ружински и тим од општинската администрација,  им посакаа пријатно добредојде и пријатен престој во Берово, да уживаат во убавините на Берово и се разбира, да оствариме успешна соработка и заеднички да реализираме проект, за подобар живот на граѓаните на двете општини.
Им се заблагодаривме за неодамнешната донација од специјално противпожарно возило за Берово, со кое силно се зајакнати капитетите за противпожарна заштита.
Разговаравме за можностите за развој на билатерална соработка и реализација на проекти, како и продлабочување на соработката, во областа на културата, социјална заштита, обезбедување на подобра комунална инфраструктура и унапредување на противпожарната заштита.
Во рамките на посетата, тие заеднички ги посетија Дневниот центар на лица со телесна или ментална попреченост, Мал групен дом, ТППЕ Берово и Домот за стари лица во Берово.
Горе