Делегација од Општина Берово, предводена од градоначалникот Петар Ружински, е во официјална посета на Општина Кумровец, Хрватска, каде што присуствуваше на свечената седница по повод нивниот празник.
Во своето обраќање на свечената седница, градоначалникот Ружински истакна дека соработката помеѓу двете општини претставува значаен мост за зајакнување на пријателските односи, размена на искуства и реализација на заеднички иницијативи, од интерес на граѓаните. Тој нагласи дека Берово и Кумровец, имаат голем потенцијал за продлабочување на партнерствата во областа на културата, образованието, туризмот и локалниот развој.
Посетата продолжува со работни состаноци и активности, кои имаат за цел продлабочување на институционалната соработка и договарање на идни заеднички проекти.

