Делегација од Општина Берово присуствува на Презентација на наодите од теренско истражување -Република Северна Македонија – погранични економски активности со Бугарија

Денеска, Градоначалникот Пекевски, заедно со претставници од Општина Берово, присуствува на Презентација на наодите од теренско истражување -Република Северна Македонија – погранични економски активности со Бугарија, во рамки на проект , кој го спроведува Центарот за економски анализи Скопје (ЦЕА).

Главна  цел на проектот е промоција на зближување во социо-економската сфера, вклучувајќи работа со млади луѓе, зајакнување на добрососедските односи, регионална стабилност и меѓусебна соработка, соработка во областа на социо-економијата.

Исто така,  една од целите на проектот  е подигнување на свеста за потребата од подобро инфраструктурно поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија и градење на капацитети за истражување за млади луѓе .

На Градоначалникот му беше доделена благодарница, од страна на преставници  од бугарската амбасада, за придонесот кој Општина Берово го имаше  во спроведување на проектните активности.

Горе