Делегација од Општина Берово, предводена од Градоначалникот Пекевски, во работна посета на Република Совенија

Градоначалникот Пекевски, заедно со претставници од ТППЕ  Берово,  деновиве е во работна посета на Република Словенија, каде што оствариа средба со Градоначалникот на општина Нова Горица,  Samo Turel.

Разговараа за можностите за соработка во делот на туризам, прекугранична соработка, противпожарна заштита и заштита на животна средина.

Исто така, на  покана на доброволно противпожарно друштво ,,Нова Горица”, се врши обука за основни тактички постапки за гаснење на пожари, во затворен простор, пребарување на загинати луѓе во чад од оган, напад во зграда, со повеќе катови, преку скара, вежба за потрес на објект од земјотрес, експлозија и вадење на луѓе  во несреќата, со воздушни перници, со едносмерна хидраулика, за подигање на бетонски блокови и употреба на машински и рачни витла, за влечење на предмети, при такви несреќи.

Извршена е обука и за интервенција на пожарникари во случај на сообраќајна несреќа.

Горе