Д-р. Весна Марковска прогласена за почесен граѓанин на општина Берово

Громогласен дологотраен аплауз, следуваше од сите присутни, на прогласувањето на,  за прв пат доделеното признание за почесен граѓанин на Берово, на д-р. Весна Марковска, кое денеска и беше доделено во рамките на свечената седница на Советот на Општина Берово.

Од страна на комисијата за одбележување на празници и доделување на награди и признанија, едногласно, беше прифатена пријавата од Градоначалникот, д-р Весна Марковска  да биде прогласена за Почесен граѓанин на Општина Берово.

Д-р Весна, е доктор со посебен придонес во Берово и Малешевијата, неуморен лекар, лекар достапен во секое време за своите пациенти и пошироко. После највисокото признание кое беше доделено од страна на лекарската комора на Македонија, навистина го заслужува и највисокото признание кое го доделува општината, кое за прв пат се доделува во Берово, плакета за почесен граѓанин.

На самото доделување, во публиката можеа да се забележат многу емоции, со што едногасно беше потврдено заслуженото признание и благодарноста на граѓаните, кон д-р. Весна.

Д-р Марковска е врвен лекар, хуманист, кој што со голема посветеност и професионалност ја извршува својата дејност, секогаш во служба на граѓаните од Берово, но и пошироко.

Образованието го стекнала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што во 1984 година, завршува Медицински факултет. Својот професионален пат, го започнува во 1985 година, со вработување во Здравствен Дом во Берово, каде што работи како лекар, во службата за општа медицина, итна медицинска помош и домашно лекување на подрачјето на општина Берово и од кога до ден денес, секојдневно помага на сите граѓани од Општина Берово.

Следствено на големата посветеност на работата, во службата за општа медицина, д-р  Марковска завршува специјализација по педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје, по што се вработува во диспанзерот за новородени, доенчиња, деца и млади вo Берово. Од 2007 година започнува да работи како матичен лекар во „ПЗУ Др. Весна Марковска”, каде нуди здравствена помош на околу 4000 пациенти, со два тима. Нејзиниот придонес за време на Ковид пандемијата, е од непроценливо значење, кога е вклучена во лекување на голем број ковид позитивни пациенти, од кои само 40 се пратени на болничко лекување, останатите д-р Марковска ги лекува со посети во домовите, редовни контроли и во секојдневна телефонска комуникација.

Чест и гордост е на општината, што Берово има доктор од непроценливо значење за жителите, ваква личност, која што неуморно помага  и излегува во пресрет на жителите од цел град и пошироко .

Продолжете така д-р Весна, ние беровчани се гордееме со Вас, признанието е и повеќе од заслужено!

Горе