23 Август е ден од историско значење за Берово, ден кој ја симболизира солободата на Берово и ја отсликува борбата на нашите предци која ние, нивните наследници ја продолжуваме кон постојан раст и развој на Берово во една современа и развиена општина.
Овој ден е патрон на Берово кој се одбележува со низа настани преку кои се подигнува значењето на празникот и делото на паднатите борци.
Историјата на еден народ е нераскинлив дел од смислата за една држава. Низ историјата од секогаш постоеле луѓе, кои со своите визии,храброст и смелост се истакнувале од обичниот народ. Храброста, пожртвуваноста на тие луѓе ние денес ја градиме , негуваме и почитуваме и се гордееме со нивните дела.
Беровската историја зборува за непокорот и борбата на граѓаните за денешната слобода.
Овој голем ден за Берово , не потсетува на благодетта која ни ја предадоа наштите предци, како потврда за борбата за слобода на оние најхрабрите, најсилните, кој тежнеејќи да ја имаме денешната слобода ги положија своите животи.
Нивниот дух и денес бдее над градот и ни го осветлува патот кон нашата слободна иднината.
Нека ни е честит и вековит 23 август- Денот на ослободувањето на Берово и да е вечен споменот на паднатите борци за денешната слобода!
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски