На сите припадници на ромската заедница, им го честитам денешниот празник 8-ми април-Светскиот ден на Ромите, со искрени желби за многу здравје, среќа, успех и продолжување на соживотот со ромската заедница, како и реализација на уште многу успешни проекти за подобрување на животот на Ромите.
Во изминатиот период, вложуваме средства за реализација на проекти од комунална и патна инфраструктура, подобрување на социо економската положба, олеснување на образновниот процес, урбанизација, легализација, домување, водовод и канализација, при што континуирано го подобруваме животот на Ромите во Берово и овозможуваме елиминација на разликите.
Заедно и сполотено и понатаму продолжуваме во надминување на проблемите и постигнување на целта, едно општество за сите, водени од од големата европска идеја – Обединети во различностите.
Со целосна почит кон припадниците на Ромската етничка заедница, на сите Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите- 8 април, еден од најважните датуми во историјата на овој народ и посакувам добро здравје, среќа, успех и многу позитивна енергија.
Bahtalo 8 April!
Општина Берово
Градоначалник
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ