Category: Вести

БЕРОВО НА ПРВО МЕСТО

Врз основа на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за изразување на интерес од страна на општините, за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа , согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, за Општина Берово, доделени се средства за реализација на капитални проекти [...]

Јавен повик и Анкета за Вашето мислење за Акциски план за одржлива енергија и клима

Општина Берово со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и финансиската помош од страна на Европската комисија и Федералното министерство на Германија за економска соработка и развој пристапи во процесот на подготовка на Акцискиот план за одржлива енергија и клима. Основната цел на планот, е креирање на напредна програма која ќе овозможи нискојаглероден развој [...]

Известување за поддршка на лица со попреченост до 26 години

Се известуваат жителите на Општина Берово, дека во рамки на Програмата за социјална заштита  за 2024 година, на Општина Берово,  предвидена е мерка  10.000,00 денари за семејствата на лицата со попреченост , како еднократен паричен надоместок. Целта на оваа мерка е да се помогне  на овие семејства, да  можат да покријат дел од трошоците  и [...]

Одбележување на денот на учителот во ОСУ ,,Ацо Русковски”

Денеска, имавме чест да бидеме дел од  еден прекрасен настан, кој го организираа учениците од ОСУ ,,Ацо Русковски", по повод на денот на учителот. На професорите , кои во рамки на воннаставните активности, постигнаа високи резултати, градоначалникот Пекевски им додели благодарници за посебен придонес во образованието, во учебната 2023/2024 година. Воедно имавме  прилика да ја [...]

Нов асфалт добива улица ,,Мирче Ацев”

Во рамки на Програмата за локални улици и патишта за 2024 година, денеска се асфалтира улица ,,Мирче Ацев”. Се асфалтира крак на улицата, со должина од 160 метри, со широчина 5, 5 метри. Оваа улица, се наоѓа во централно градско подрачје и со изградбата на истата, се овозможуваат услови за пристап до новопредвидени парцели за [...]

Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Мерката 6.Програма за работно ангажирање-Јавни работи

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2024 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за 6.Програма за работно ангажирање-Јавни работи,финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и општина Берово,односно учество на општина Берово во ОП за 2024,Мерка [...]

Ученици од угостителско туристичката струка при ОСУ ,,Ацо Русковски” во посета на средни угостителски училишта во Раденци- Република Словенија и во Забок- Република Хрватска

Ученици од угостителско туристичката струка од ОСУ ,,Ацо Русковски", од Берово, заедно со делегација од Општина Берово, деновиве се на неколкудневна  посета на средни угостителски училишта во Раденци- Република Словенија и во Забок- Република Хрватска. Посетата е организирана на иницијатива на Градоначалникот на Општина Берово, со поддршка од нашата збратимена Општина Раденци, а на покана [...]

Берово добива нов спортски терен

Во рамки на проектите за подобрување на спортската инфраструктура, денеска, се асфалтира мултифункционалниот спортски терен, на Кеј на река Брегалница, во Берово. Инвестицијата на овој спортски терен, опфаќа асфалтирање, оградување, осветлување и поставување на нова урбана опрема, за ракомет, за две кошаркарски игралишта и игралиште за мал фудбал. Сметам дека оваа инвестиција е многу значајна, [...]

ЗАЕДНИЧКИ ДАВАМЕ, НАЈУБАВОТО БЕРОВО, ДА НИ БИДЕ УШТЕ ПОУБАВО

Ве известуваме дека Општина Берово, во соработка со ПАКОМАК ДОО Скопје, ги зголеми зелените поени за селектирање на пластични шишиња од 0,33мл до 2л и алуминиумски лименки од пијалоци, во двете поврсатни Вендинг Машини, кои се поставени во маркетите СТОКОМАК и  ДИМ  во Берово. За секоја селектирана амбалажа , отсега добиваш 3 „зелени поени“, 1 [...]
Горе