Божиќна честитка од Градоначалникот Звонко Пекевски

Ми претставува големо задоволство, во овие празнични денови, кога звукот на црковните ѕвона одекнува насекаде и кога море од молитви се упатуваат кон небото, да Ви посакам весел и благословен Божиќ, добро здравје, лична и семејна среќа и многу успех .
Сплотени, со отворени срца и чиста мисла, да го празнуваме Божиќ и низ вера и надеж, да се помолиме за здравје, среќа и спокој.
Оваа година повеќе од било кога е потребно да ја испочитуваме онаа народната ,,Кај и да си, за Божиќ, дома да си” , зошто на овој начин, ќе го поминеме празникот безбедни а воедно ќе празнуваме одговорно.
Да успееме во овие времиња, да ја зачуваме Божиќната магија и во текот на цела година, да веруваме, зашто вербата ја прави секоја мисија возможна, да се надеваме зашто надежта го прави секој подвиг достижен и низ труд и работа да постигнуваме успех.
Пречекајте ги деновите исполнети со здравје, среќа и спокојство во текот на целата година.
Нека Ви е честит големиот христијански празник БОЖИЌ и за многу години!
ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!
Градоначалник на Општина Берово
ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ
Горе