Блгодарност за донацијата од протиивпожарна опрема од Република Словенија за Општина Берово

Општина Берово упатува срдечна благодарност за донацијата од протиивпожарна опрема, која што Здруженија од Република Словенија ја организираа за потребите на Општина Берово.

Општина Берово секојдневно работи на унапредување на противпожарната заштита, а Република Словенија е  наш сериозен партнер во остварување на нашите цели.

Во овој момент сакаме да искажаме искрена благодарност до следниве здруженија:  PGS Koper DOO, PGD Materija, PGD Krkavce, PGD Pobegi Cezarji и PGD Hrvatini, како и до лицата: Демис Пушењак и Мики Бошнаковски  и до сите ангажирани во доброволните Здруженија од Република Словенија, за ангажманот, опремата да биде соберена и транспортирана до Македонија.

Се надевамe дека соработката во иднина  ќе ја  продолжиме и со реализација на заеднички успешен проект, кој уште повеќе ќе ги зајакне врските помеѓу двете држави.

Горе