БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО – нова шанса за идните бизнис лидери

Mожност за сите невработени лица да се стекнат со повеќе знаење од областа на претпримништвото, бизнис планирањето и да ги унапредат своите претприемачки  вештини.

Обуката е бесплатна за сите и трае 4 дена

Осумте модули се презентирани од искусни бизнис тренери, со долгогодишно искуство од областа на претприемништвото

Сите успешни кандидати ќе добијат сертификат, со што ќе имаат право да се вклучат во Програмата за самовработување

Мерката е дел од Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување 2025, реализирана од УНДП, во соработка со Агенција за вработување на РСМ и Министерството за економија и труд.

Повеќе детали на линкот: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

За повеќе информации, можете да се обратите до: [email protected] и [email protected] .

Рокот за пријавување на бесплатна обука за претприемништво,  е до 30.11.2025 година.

Ги охрабруваме сите лица да се пријават, да ги следат обуките и да учат од поискусните, како се создаваат нови и одржливи претпријатија.

Горе