Берово престојниот викенд ќе биде домаќин на првиот меѓународен турнир во пинг понг ,,Зегин опен 2022″

Во организација на пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово, Пингпонгарската Федерација на Македонија и компанијата „Зегин“ на 17 и 18 Септември, во соработка со општина Берово, во салата „Македонски Бранители“, за прв пат ќе се одржи меѓународниот турнир во пинг поног „Зегин Опен 2022“.

На турнирот ќе учествуваат вкупно пријавени 76 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово, а ќе се натпреваруваат во четири категории, Сениори, Сениорки, Јуниори и Јуниорки.

Сите натпревари ќе бидат организирани во две нивоа на натпреварување велат организаторите и тоа: Квалификации по групи и систем на елиминација.Прво и второпласираните натпреварувачи од групите се пласираат по систем на еднократна елиминација, додека сите натпревари се играат во систем подобар од 5 сетови, полуфинале и финале се играат во систем подобар од 7 сетови.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 5000 евра, а за сите натпревари истакнаа организаторите ќе бидат ангажирани сертифицирани судии.На 14 Септември пак ќе се одржи ждребувањето, а носителите на групи ќе бидат поставени согласно ИТТФ ранкинг.

Со ова се докажува дека Берово и нашиот беровски пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, полека го зазема приматот на град на пинг-понгот.

На престојниот меѓународен турнир во пинг-понг, се очекува голем број на посетители, додека натпреварите се играат со почеток од 9 часот.

Горе