Наскоро центарот на Берово, ќе го добие своето најмодерно катче, МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА САЛА ВО СКЛОП НА ДОМ НА КЛТУРАТА ,,ДИМИТАР БЕРОВСКИ”-Берово, која ќе биде центар за култура, уметност, конференции и заеднички настани, што претставува историски чекор за развојот на Берово.
Со проектот се предвидува изградба на модерен и современ енергестски ефикасен објект, за сценска и културна дејност, за одржување на различни настани, набавка на модерна и современа аудио- визуелна опрема, како и сценска и техничка опрема за филмски проекции, презентации, концерти, конференции, театарски престави и слично.
Новата мутифункционална сала се предвидува на местото од постоечкиот објект- кино сала, која е во лоша и руинирана состојба, во центарот на градот Берово.
Изградбата на мултифункционална сала, му носи нови културни вредности на Берово и претставува нова можност за развој во малешевскиот и во источниот регионот, како и нови импут за развој на туризмот, како главна стратешка гранка за развој на Берово.
Главната цел на проектот, е создавање на динамичен и адаптабилен простор кој ќе биде центар за собирање, учење и размена на идеи, со фокус на културата, образованието и семенарскиот туризам, што ќе придонесе кон севкупен развој.
Овој проект, долго време, е главен приоритети во програмите за работа. Многу често е поставуван како приоритет од граѓаните , особено од младите, а за кој конечно, е обезбедена големата финансикска конструкција за реализација.
Проектот е одобрен, во рамки на вториот повик на Влада на РСМ, за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од областа на културата за 2025 година. Вкупната проектирана вредност е 115.354.817,00, од Влада на РСМ се одобрени 90.414.225,00 денари, од кои во 2025 година, предвидено е реализација на 19.680.365,00 денари.
Изградбата на новата мултифункционална сала во Берово, најавува почеток на нова ера за Берово , кога урбаниот развој, културата и технологијата одат рака под рака.
