Берово го одбележува Денот на градот

Со положување на свежо цвеќе, пред бистата на паднатите борци во НОВ од Малешево, денеска во Берово, започнаа активностите за одбележување на 23 август- Денот на градот.

Делегации од политичкиот и јавниот живот положија цвеќе и се поклонија пред спомен плочата,  а пред присутните беше прочитан и реферат за значењето на денот.

После положување на цвеќе, во Бизнис инкубаторот се одржа Свечената Седница на Советот на општина Берово.

На свечената седница, свое обраќање за реализираните проекти, имаше Градоначалникот на општина Беорво, Звонко Пекевски, кој честитајќи го денот, повика и понатаму да продолжиме заеднички да работиме за развојот на Берово и да реализираме уште многу успешни проекти, после што следеше видео презентација за сработените проекти во изминатата година.

Во дневениот  ред на свечената седница, беа исчитани имињата на учениците и менторите, кои постигнаа големи резултати во учебната 2021-2022 година, на кои им беа доделени благодарници и парични награди.

За прв пат во Берово,   д-р Весна Марковска е прогласена за почесен граѓанин, за што и е доделена плакета. На доделувањето на благодарницата следуваше заслужен долготраен аплауз, кој побуди емоции кај сите присутни, заради заслуженото признание на д-р. Весна.

Исто така доделени се благодарници за посебен придонес во општествениот живот.

Во текот на свеченоста, беше промовиран и видео спотот на песната ,,Мое Берово” од група Штекици.

Горе