Берово е подготвено да ги дочека Новата Година и претстојните празници, новогодишно украсено, во ексклузивно светлечко издание и со нови новогодишни и светлечки реквизити.
Украсено е централното градско подрачје и главната улица, на влезот во Берово.
Светлечки украси се поставени на градскиот плоштад, поставен е и светлечки тунел, а неизоставен дел од новогодишниот амбиент е новогодишната елка, која го краси плоштадот во Берово.
Со сите новогодишни реквизити, Берово, е подготвено да ги пречека претстојните празници и да биде блескав град за своите жители и сјаен домаќин за туристите, за дочекот на Новата 2025 година.
Сметаме дека Берово е туристичко место и украсувањето на градот, ќе донесе позитивен бран за сите нас, а особено радост ќе им донесе на децата, можност, секој да ја почувствува новогодишната магија и да ужива во прекрасниот новогодишен амбиент на нашето најубаво Берово.
Украсувањето на Берово, е овозможено со средства од Буџетот на Општина Берово. Дополнително, украсувањето е надополнето со елка, која финансиски е поддржана од членовите на Советот на Општина Берово , а организирана од страна на Здружение на угостители и туристички работници Малешевски Еснафи Берово, преку Неформалнотo тело ,,Колеџ на заедницата”.