Во знак на хуманост и солидарност, вчера, Советот на Општина Берово, донесе Одлука за доделување на финансиска помош, во износ од 300.000,00 денари од Буџетот на Општина Берово, за семејствата на настраданите во пожарот, во клубот ,,Пулс”, во Кочани.
Претходно, средношколцоте од ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово, заедно со голем број граѓани, на градскот плоштад во Берово, палеа свеќи и оддаваа почит.
Нема зборови за утеха, за прекинатата младост …
Сочувство до семејствата на сите кои ги загубија животите и побрзо опоравување за повредените!