📢 БЕРОВО ДОБИВА НОВА ДИГИТАЛНА ДИМЕНЗИЈА!

Голема благодарност до нашиот сограѓанин Васил Дракалски , кој преку несебична донација, ја изработи и ја подари на Општина Берово, новата веб-платформа Visit Berovo.
Оваа апликација, е значаен чекор напред – на едно место ги обединува сите природни убавини, сместувачки капацитети, настани и автентични вкусови на нашиот крај.
Наскоро, таа ќе биде вашиот најдобар водич низ Малешевијата, нудејќи им на туристите едно модерно и незаборавно искуство.
🙏🏻 Благодарност за трудот, визијата и љубовта кон родното место. Ова е доказ како со лична иницијатива, се гради заедничкиот успех.
📣 Сакаме ова да биде платформа на сите нас.
Ги повикуваме сите, да се вклучат со свои предлози и иницијативи, за заедно да го поставиме Берово, таму каде што заслужува – на врвот на туристичката карта!
Горе