Почитувани граѓани,
Како резултат на високите температури, нашата потреба за вода во овие летни, жешки денови се зголемува.
За жал нерационалното користење на вода на одредени делови од градот и населените места, создава проблеми во одредени домаќинства, кои немаат вода за извршување на основните потреби.
Затоа сакаме да апелираме до сите Вас, водата да ја користите рационално, за потребите на Вашите домаќинствата и за одржување на личната хигиена.
Секое нерационално користење на вода, нанесува штета на водоснабдителениот систем кое нешто може да резултира со немање вода на Вашите роднини и пријатели кои живеат на високите зони, на кои исто како и на Вас им е потребна вода.
Се надеваме дека овој искрен апел ќе допре до Вас и ќе ја разбуди човечноста и пред се почитта кон другите.
Сите сакаме вода, на сите ни е топло, сите имаме разни потреби, но количините на вода, во лето, се на граница на минимумот, затоа штедете ја водата и користете ја со разум.
Од ЈПКР „Услуга“ Берово