АПЕЛ за масовно вклучување на населението во гаснење на пожарот

Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево  е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села .

Пожарот е  високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина.На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС.

Се апелира до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали.

Ви благодариме доколку доброволно се вклучите во гаснење на пожарот!

Горе