ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО БЕРОВО, УТРЕ 17-ти мај

Општина Берово, Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН преку заедничко партнерство  организираат голема еколошка акција, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, УТРЕ  17-ти мај 2024 година, (петок).

Во акцијата ќе се вклучат и волонтери на Црвен крст на Македонија.

Големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, е поддржана од  општествено одговорни компании: EVN, Нула отпад, Мак Стил, Бучим, БИ Милк, Костал и Шпаркасе Банка.

Ќе се чисти на повеќе локации во градот.

Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!

Целта е да се  собере што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад.

Во акцијата ќе се вклучат и училишта и институциите на локално ниво.

Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2024, е една од активностите кои ги спроведуваме, за да придонесеме во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.

Горе