Преку РОМАКТЕД Програмата, спроведена активност за поддршка на ученици Роми во образованието

Во рамките на РОМАКТЕД Програмата, фаза 2, денеска во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”- Берово, се доделени 29 ранци и ученички прибор на учениците од ромската заедница од 2-ро до 5-то одделение, кои посетуваа дополнителна настава за поддршка на ученици Роми.

Оваа активност се имплементира, како дел од акцијата ,,ПОСТ КОВИД МЕРКИ  за превенција во образованието за деца“, кои се соочија со предизвици,од кои произлегоа последици, во однос на намалувањето на квалитетот на образованието.

Дополнителната образовна поддршка, беше обезбедена по предметите : македонски јазик, математика и англиски јазик.

Преку вкупно 6 наставници-тутори, учениците имаа можност, во период од неколку месеци, да го надополнат, она што го пропуштиле за време на пандемијата, да се стекнат со нови знаења и да им биде објаснето, сето она што им беше нејасно. Преку сето тоа, во иднина се очекува овие ученици, во текот на своето школување, да постигнуваат повисоки резултати.

Оваа активност е финансирана во рамките на проектот ,,Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”, кој е финансиран во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД ПРОГРАМАТА, ФАЗА 2.

Горе