На транспарентен начин, со присуство на голем број граѓани, од институциите, средношколската заесница, месните заедници и фирмите на локално ниво, денеска преку алатката Форуми во заедницата, во Берово, започна процесот на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2024 година.
На денешната, прва форумска сесија, од проектниот форум, која се одржа во големата сала на Општина Берово, граѓаните имаа можност, да видат како се креира Буџетот на Општина Берово и како се прибираат приходите во Буџетот.
Пред присутните се обрати Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски , посакувајќи им успешен форумски процес и конструктивни предлози.
Од страна на преставникот од Одделението за финансиски прашања, Татјанка Муртовска, беше извршена презентација, за фазите на изготвување на Буџетот.
Присутните граѓани имаа можност да дадат свое мислење за јаките и слабите страни на општината и да дадат предлог решение, кое понатаму ќе се разработува, и ќе се развива во предлог проект.
Во рамките на работните групи , сите имаа можност, да го дадат своето мислење, да дадат предлог и со тоа дирекно да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Берово, за 2023 година.
Веќе на следната сесија, граѓаните ќе имаат дирекна можност, да дадат конкретен предлог, кој доколку биде поддржан од мнозинството присутни, ќе влезе во соодветната програма за реализација во 2024 година.
Програмата „Форуми во заедницата“ е десет годишен проект, што обезбедува партиципативна платформа за развој, чија цел е промовирање и унапредување на доброто владеење и демократија на локално ниво, преку давање поддршка на локалните власти и администрацијата, во зголемувањето на нивната транспарентност и отчетност кон заедницата, и овозможување активно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки во нивната општина.