За поголема безбедност во сообраќајот, се поставува хоризонтална сигнализација на улиците во Берово

Со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, општина Берово работи на одржување на постоечката и поставување на нова хоризонтална сообраќајна сигнализација, на локалните улици и патишта.

На неколку локации , извршено е обележување на хоризонталната сигнализација, со што покрај подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, сообраќајниците во општината, добиваат нов лик.

Реализацијата на проектите од областа на патната инфраструктура, во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно на пешаците и на велосипедистите, како и подобрувањето на секојдневната комуникација на жителите, е од голема важност и остануваат приоритет во работењето на општина Берово.

Изведувач на работите е БОЈТА ИНГ Скопје, а од Буџетот на општина Берово, за оваа намена, ќе бидат потрошени 464.920,00 денари.

Горе