Делегација од Општина Берово, на прием кај Амбасадорот на Република Северна Македонија во Словенија

Во рамките на официјалната  посета во Словенија, делегација од Берово, предводена од Градоначалникот Пекевски, денеска, оствари средба со Амбасадорот на Република Северна Македонија во Словенија, Горан Милевски.

На средбата  разменија мислења и искуства за идната можна соработка со општини од Република Словенија , во делот на туризамот, заштита на животна средина, комунални услуги и противпожарна заштита.

Разговараа за досегашната соработка со општина Раденци и соработката со доброволното противпожарно друштво од Нова Горица.

Општина Берово ја истакна потребата од поддршката од Амбасадата, во иднина, за меѓуопштинска соработка со општини од Словенија и заедничко учество во аплицирање на проекти.

Изразија  задоволство од добрите пријателски односи, помеѓу двете земји, истакнувајќи дека истите треба да се зајакнуваат и во иднина.

Средбата заврши со искажана заемна благодарност, пригодни подароци и желба за успешна соработка во иднина.

Горе