Во рамките на Програмата за работа на ТППЕ Берово, денеска е изведена вежба ,,Симулација на шумски пожар и пожар на отворен простор” во туристичката наслеба Беровско Езеро.
Користени се 2 противпожарни возила, од кои едното со вградена пумпа и едно со преносна пумпа.
Во вежбата учествуваа сите вработени во Територијалната противпожарна единица во Берово.
Според планот за работа, предвидена беше вежба за симулација на пожар, за да можеме поорганизирано да делуваме во случај на ваква појава, а истовремено и ние да ги преземеме сите потребните чекори- истакна ВД Командирот на ТППЕ, Сашко Руменовски.