Започнува примената на мерката за субвенционирање на млади лица, за стекнување со возачка дозвола Б категорија

Денеска се исплатени  средства, на ученици од  ,,Ацо Русковски”  од Берово, како Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија.

Средствата се исплатени, како дел од Програмата за социјална заштита, за  поддршка на родителите во семејниот Буџет.

Целта на оваа мерка е преку општинскиот Буџет, да се овозможи дел од средствата да се вратат повторно кај граѓаните и да ги искористат млади лица, кои ќе бидат идни возачи.

Во Буџетот на Општина Берово, за 2023 година, за оваа намена, предвидени се 600.000,00 денари , кои со решенија ќе бидат доделени на сите кои ги исполнуваат условите и кои согласно Правилникот,  со обука за практичен и теоретски дел, започнале во 2023 година.

Горе