Одиграно второто коло на работничките спортски игри во Берово

Салата „Македонски бранители“ во Берово, беше испонета до последно место, на одиграното второ коло, од Работничките спортски игри во мал фудбал, кои ги организира Општина Берово.
Во натпреварите, публиката уживаше во прикажаната игра на сите екипи, кои оваа година, за прв пат, во овие традиционални игри во мал фудбал, се со изедначен квалитет и игра.
Присутните, можеа да проследат возбудливи моменти, шанси и одлична игра, прикажана на теренот.
Беровската пубилка се покажува како љубител на спортот, па патребата од вакви спортски настани, е неопходно да се организираат во текот на целата година.
Резултатите од денешното 2 коло:
18:00ч. Национални шуми и пилани – Труд и социјала и Суд 0:1
18:30 ч. АРСМ Гарнизон Штип – МВР Полиција 1:0
19:00 ч. Општина Берово – Фагус 1:3
19:30 ч. Приватни фирми – Образование 0:1
20:00 ч. Угостители – Роми 4:2
Слободна во оваа коло, е екипата на Здравен Дом Берово.

Третото коло  се игра на 06.03.2023 год.  (понеделник)  со следниве натпревари:

  1. 18:00ч.      Роми – Национални шуми и пилани
  2. 18:30 ч.  МВР Полиција – Приватни фирми
  3. 19:00 ч.  Фагус-Угостители
  4. 19:30 ч. Здравен Дом Берово – АРСМ Гарнизон Штип
  5. 20:00 ч.      Труд и социјала и Суд – Општина Берово

 Слободна во трето коло е екипата на Образование.

Горе