Денеска, градоначалникот Пекевски во својот кабинет, оствари средба со Јадранка Фурнаџиска од Берово и Љубинка Механџиска од с. Русиново, кои беа претставнички од Македонијa, на 13-тиот Меѓународниот традиционален занаетчиски форум во во Шарја (SITCF), организиран од Sharjah Institute of Heritage, под слоганот „Килим и текстил“, на кој учествуваа 18 земји.
Чест и задоволство, за сите нас, е фактот што Република Северна Македонија, за прв пат учествува на овој саем и што првите претставнички се токму од Берово.
Од името на Општина Берово, Советот на Општина Берово, општинската администрација и од свое лично име, градоначалникот Пекевски им се заблагодари на нашите преставнички, за афирмацијата на општина Берово, во интернационални рамки и им посака, да продолжат со работа и труд и понатаму да бидат чуватели на традицијата и фолклорот, од малешевскиот регион.
Тие го искажаа своето задоволство од престојот, нивните позитивни искуства, прекрасните импресии и спомени и изразија надеж, за продолжување на соработката.
Градоначалникот Пекевски истакна голема благодарност до Јасна Пајковска-проект координатор во Центарот за управување со промени, која што ги препозна квалитетите на малешевските домаќинки и им овозможи да бидат дел од успешната приказна на 13-тиот Меѓународен занаетчиски форум во Шарја.
Посетителите на форумот, имаа можност, да бидат сведоци на колоритниот традиционален текстил, теписите и ракотворбите, изработени од вредните раце на малешевските домаќинки, кои се карактеристични за беровскиот регион, но и да уживаат во начинот, на кој тие се прават и се развиваат различни текстилни производи, со раскошот на нивните бои и естетика.
Форумот се реализира по иницијатива на дипломатското конзулаторно претставништво во Абу Даби, по предлог од Кабинетот на сопругата на претседателот на РСМ, , во соработка со Центарот за управување со промени, за развој на жеското претприемништво.
Нашите сограѓанки, во најубаво светло ја претствавија Македонија и ги промовираа своите ракотворби, посебно од текстилната индустрија, како што се килими и традиционални носии и уште еднаш покажаа како се чува духот на традицијата и фолклорот од малешевскиот регион.