Денеска, во својот кабинет, градоначалникот Пекевски, оствари средба со заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.
Разговараа за надлежностите на општината, во делот на заштита на животна средина, за расположливоста со човечки ресурси и стручни служби за покривање на надлежностите и секако за можностите за финансирање, кои ги нуди Министерството, преку соодветни програми.
Како што истакна заменик министерката Оџаклиеска, Министерстото стои на располагање на општините, за било каква поддршка, со цел, заштита на животната средина и правилно управување со отпадот.
Градоначалнкот Пекевски, упати благодарност за поддршката на Министерстото за животна средина и просторно планирање, со надеж за унапредување на состојбите на локално ниво.
Општина Берово е секогаш расположена за унапредување на состојбите, а особено кога се работи за заштитата на животната средина.