Денеска, во Министерството за земјоделство, шумарсто и водостопанство на РСМ, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во присуство на Министерот за земјоделство, шумарсто и водостопанство, Љупчо Николовски и Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, го прими решението од Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, со кое на општина Берово и се одобрени средства за рехабилитација на дел од локален пат, за пристап до земјоделско земјиште, до туристичка населба Абланица.
Со овој проект ќе се изврши чистење и тампонирање на постоечката траса на земјенниот пат, до туристичка населба Абланица, од мостот кај река Брегалница, до влезот во туристичката населба, со должината од околу 857 метри.
Проектот ќе се реализира преку Програмата за рурален развој, мерка 124- Инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството, подмерка 124.3 – Инфраструктура за прстап до земјоделско земјиште, врз основа на Програмата за финансиска поддршка за рурален развој.
За истиот, од Буџетот на Агенцијата за финасиска поддршка и рурален развој, обезбедени се вкупно 999.771,00 денари.