Утре, во салата за Совет на општина Берово, со почеток во 08:00 часот, ќе ја одржи својата 22-ра Седница. На истата ќе се најдат следниве точки на дневен ред:
- Предлог Одлука за прифаќање на донација;
- Годишен извештај за работа на ОЈУСЗСЛ „д-р Иван Влашки“ Берово за 2022 година;
- Стратегија за родова еднаквост за регионот Делчево, Берово и Пехчево за период 2023-2026 година;
- Советнички иницијативи и прашања.
Совет на Општина Берово
Претседател
Марија Буровска