Извештај за резултати од проектот „#EuSAVE – АКТИВНОСТИ НА ГРАЃАНИТЕ НА ЕУ ЗА ПАМЕТНИ ИСТОРИСКИ НАСЕЛБИ

Во тек се завршни активности од проект „#EuSAVE – АКТИВНОСТИ НА ГРАЃАНИТЕ НА ЕУ ЗА ПАМЕТНИ ИСТОРИСКИ НАСЕЛБИ“, кој се спроведуваше во рамките на Програмата ,,Европа за граѓаните”  и #EuSAVE мрежата, кој има за цел  трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот.

Проектот се спроведуваше во период од четири  години,   (2019 -2022) и во рамките на истиот, се одржаа седум меѓународни конференции во шест земји: Шпанија Италија, Белгија, Хрватска, Португалија и Бугарија.

На конференциите учествуваа вкупно 603 учесници,  од осум партнерски организации и општини од Македонија, Шпанија, Хрватска, Бугарија, Белгија, Португалија Италија и Латвија. Се разменувани искуствата помеѓу државите за предизвиците во туризмот во Европа и европското културно богатство и воспоставуваење на партнерска соработка, меѓу европските држави.

Во рамките на проектот, креирана е заедничка стратегија за паметни историски села,  мапа на добри практики од сите актери во областа на одржливиот развој на паметните историски села  и план за одржливост,  со мрежа #EuSAVE.

На следните линкови можете да видите краток завшен извештај за резултатите од проектот,  на македонски и на англиски јазик:

EuSAVE_Извештај за активности_МК new

EuSAVE_Project Activities Report_EN

Проектот е финансиран со поддршка на Европската Унија преку Програмата „Европа на граѓаните“.

Горе