Првото новородено бебе во Новата 2023 година, во Берово, е женско, прво дете на семејството Зелнички, на мајката Марјана и таткото Благој.
Бебето е родено точно на 1 јануари, во Гинеколошко акушерската клиника во Скопје.
Градоначалникот Пекевски, денеска во својот кабинет го прими среќниот татко и додели финансиски средства , од Буџетот на Општина Берово, во износ од 10.000,00 денари за првороденото дете, чии родители се жители на Општина Берово и 6.000,00 денари за новородено дете.
Тој упати честитки за новата рожба, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех на семејството Зелнички во новата година и среќно детство, да расте со многу љубов и здравје, нивниот нов член.
Децата се најголемо богатство и најголема вредност, за едно традиционално семејство, а секоја нова рожба, носи нова радост, нова надеж и иднина.
Како локална самоуправа, остануваме и понатаму посветени на стимулирање на наталитетот,со надеж дека оваа година ќе имаме значително зголемување на бројот на новородени дечиња, кои ќе бидат нова генерација и наша иднина.