ЈАВЕН ПОВИК За поднесување на барања за добивање на Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија

Врз основа на Правилник  за критериумите и постапката за реализација на трансфери по поднесени барања од физички лица за добивање на Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија бр. 09-4443/1 од 23.12.2022 година, Општина Берово, распишува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За поднесување на барања за добивање на Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија

 

 

Право на субвенција, имаат сите млади лица кои се редовни ученици во  ОСУ ,,Ацо Русковски” – Берово , од прва година и кои со обуки за возачки испит, ќе започнат од 01.01.2023 година.

За сите  ученици во  III или IV година, во ОСУ ,,Ацо Русковски”,  со место на живеење во Општина Берово, кои ќе поднесат барање и кои ги исполнуваат условите, ќе се врши исплата на 8.000,оо денари од Буџетот на општина Берово, во согласност со годишната програма за активностите на Општина Берово во областа на социјалната заштита.

Подносителите на барање за добивање на Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел, за полагање на возачки испит од Б категорија се должни да приложат:

  1. фотокопија од лична карта на еден од родителите (барателот);
  2. фотокопија од трансакциска сметка на еден од родителите (барателот);
  3. Потврда од Автошкола, за оспособеност на кандидат за возач на возило;
  4. Потврда од Автошкола, за спроведена обука по теоретски дел на програмата за оспособување на кандидатот за возач на возило;
  5. Потврда издадена од Министерство за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за управно надзорни работи, Отсек за управни работи Штип – Берово, издадена врз основа на евиденција за живеалиште, престојувалиште и лични карти дека родителите имаат пријавено адреса на живеење на територија на Општина Берово и дека истите немаат пријавено престој надвор од Општина Берово или надвор од Република Северна Македонија
  6. Потврда за редовен ученик од I до III или IV година, издадена од ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово
  7. И З Ј А В А за согласност за користење на личните податоци

Барањето и изјавата можете да ги симнете на следниот линк:

Барање за субвенционирање за возачки испит Б категорија 2023

Изјава за лични податоци

Рокот за поднесување на Барање за исплата на средства, е во текот на цела година.

ОПШТИНА БЕРОВО

ГРАДОНАЧАЛНИК

Звонко Пекевски

Горе