Со 8 гласа ЗА и 7 воздржани советници, денеска, на 21 вата Седница на Совет на Општина Берово, усвоен е Буџетот на општина Берово, за 2023 година.
Вкупниот БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2023 ГОДИНА, е проектиран на сума од 339.770.000,00 – 5.524.715,00 евра.
Буџетот е изготвен, водејќи се од начелото на почитување на принципот на Буџетска дисциплина и транспарентност и може да се каже дека Буџетот на Општина Берово за 2023 година, е развоен.
Буџетот на Општина Берово, за 2023 година, содржи реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина и противпожарна заштита, со следниот распоред:
Вкупен БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2023 ГОДИНА – 339.770.000,00 – 5.524.715,00 евра.
ТЕКОВНО-ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 281.527.704,00 – 83%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 58.242.296,00 – 17%
ОСНОВЕН БУЏЕТ – 108.409.072,00 – 1.762.749 евра
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 73.947.000,00 – 68%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 34.462.072,00 – 32%
БУЏЕТ НА САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ – 18.415.000,00 – 299.431 евра
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 16.118.000
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 2.297.000,00
ПРОГРАМА К2 – 150.000,00
ПРОГРАМА Н1 – 135.000,00 (ООУ ДИМ-60.000,00 ООУ НПР-75.000,00)
ПРОГРАМА Н2 – 450.000,00
ПРОГРАМА В1,ВА – 8.320.000,00
ПРОГРАМА В2,ВБ – 9.360.000,00
БУЏЕТ НА ДОТАЦИИ – 184.907.000 – 3.006.618 евра
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 174.736.144,00
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 10.170.856,00
ПРОГРАМА К – 4.110.000,00
ПРОГРАМА Н1 – 96.462.000,00 ( ООУ ДИМ-81.799.776,00 ООУ НПР-14.662.224,00)
ПРОГРАМА Н2 – 38.700.000,00
ПРОГРАМА В1 – 30.339.000,00
ПРОГРАМА В2 – 7.696.000,00
ПРОГРАМА Њ0 – 7.600.000,00
БУЏЕТ НА ДОНАЦИИ – 28.038.928,00 – 455.918 евра
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 16.726.560,00 – 60%
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 11.312.368,00 – 40%
ОКР – ПРОГРАМА Г1 – 1.620.000,00
РАЗВОЈНА-ШТИП И БЕРОВО-ПРОГРАМА ГА – 3.180.880,00
ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА ОТВОРЕН КАНАЛ ЗА АТМОСФЕРСКА ВОДА ПОКРАЈ УЛ.В.ВЛАХОВИЌ ВО БЕРОВО-ДОНАЦИЈА ОД Р.СЛОВЕНИЈА – 2.500.000,00
РАЗВОЈНА-ВОЛОНТЕРИ ПРЕКУ ГРАНИЦА-ПРОГРАМА МББ – 17.045.339,00
ООУ Дедо Иљо Малешевски ( 2 ПРОЕКТИ)-ПРОГРАМА Н1 – 850.000,00
ОСУ АЦО РУСКОВСКИ ( 3 ПРОЕКТИ) -ПРОГРАМА Н2 – 562.709,00
ОЈУСЗСЛ Д-Р ИВАН ВЛАШКИ ( 1 ПРОЕКТ) – ПРОГРАМА В2 – 2.250.000,00
ООУ Никола Петров Русински (1 ПРОЕКТ) – 30.000,00
Благодарност до советниците во советот на Општина Берово, кои согласно законски предвидениот рок, до 31.12.2022 година, го донесоа Буџетот на Општина Берово за 2023 година, што само по себе значи финансиска стабилност и секако, како можност за се она што е предвидено во програмите, да биде реализирано, со силна поддршка на сите чинители, градоначалник, општинска администрација, совет на општина, да го реализираме, се, во интерс на граѓаните. Користам прилика на сите граѓани, да им посакам добро здравје, лична и семејна среќа, за да можеме заеднички да ја пребродиме оваа криза и верувам дека наредната 2023 ќе биде подобра од претходната и инвестиционо посилна- истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
На денешната 21 Седница, е изгласан Буџетот на Општина Берово, за 2023 година. Имавме 8 гласа ЗА и7 воздржани. Би сакала да упатам голема благодарност до сите 15 советници, за работата во советот во 2022 година и за донесувањето на Буџетот на Општина Берово за 2023 година. Расправа беше отворена, имавме од Претседателот на Комисијата за финансии и Буџет, кратка информација, за сето она што е разлика од претходната година, имамвме поставени прашања од координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, сите прашања беа одговорени од страна на градоначалникот, така да на крај поминавме кон гласање. Честитки за донесениот Буџет и голема благодарност до советниците, за сите донесени важни одлуки, за работата на Општина Берово за 2023 година. Воедно, упатувам честитки по повод новогодишните и божиќните празници, до сите граѓани на општина Берово, со желби за здравје, среќа и напредок- истакна Претседателот на Совет на општина Берово, Марија Буровска.