Општина Берово ќе добие паметна џубокс канта за рециклирање на отпад

Општина Берово продолжува со унапредување на системот за управување со отпад, при што во соработка со општествено одговорна компанија НОВО НОРДИСК ФАРМА ДООЕЛ увоз- извоз Скопје, во ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски” во Берово, ќе биде поставена паметна џубокс канта, за складирање и рециклирање на отпад.

Денеска, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и претставник од фимрата НОВО НОРДИСК ФАРМА ДООЕЛ увоз- извоз Скопје, потпишаа меморандум за соработка, при што на Општина Берово, ќе и биде  доделена 1 паметна џубокс канта.

Целта, како што истакнаа од  НОВО НОРДИСК ФАРМА ДООЕЛ, е поттикнување промени со цел заштита на животната средина и поттикнување на децатата, на навики за соодветно складирање и рециклирање на отпадот.

Паметната џубокс канта, со секое складирање на отпад, ќе пушта музика и ќе преставува уникатен спој на екологијата и музиката, со посебен акцент за зачувување на животната средина уште од мали нозе.

Горе