Денеска, во Берово, е одржан првиот состанок на новиот Локален Совет за превенција,кој е формиран како советодавно и координативно тело, заради остварување на соработка и зацврстување на влијанието во јавноста, во работата на полицијата.
Беровскиот совет за превенција , брои 9 членови:
- Маја Рашковска – Основно јавно обвинителство Берово
- Митко Каламадевски – Командир на полициско одделение за безбедност во патниот сообраќај
- Васко Мамучевски – Помошник командир за јавен ред и мир и превенција
- Марија Буровска – Претседател на Совет на Општина Берово
- Герасим Гриовски – Член на Совет на Општина Берово
- Јаворка Постоловска- од областа на образованието
- Спец.д-р Весна Коловска- од областа на здравството
- Ирена Коловска – Општина Берово (општинска администрација)
- Јасмина Соколовска – Здружение на граѓани
Целта на локалниот совет за превенција, е да се воспостави ефикасен превентивен систем во зголемување на безбедноста на граѓаните и да се изнајде начин, што полесно да се решаваат евентуалните проблеми и девијанти појави, со кои се соочуваат граѓаните.
Исто така Советот за превенција, ќе има за задача да го унапредува системот на безбедност во заедницата и преку тоа, да го подигне квалитетот на живот на граѓаните, но и чувството на безбедност и сигурност во заедницата.
Градоначалникот Пекевски, истакна дека локалниот совет за превенција, ќе овозможи зајакнување на полициската ефикасност, унапредување на безбедноста во заедницата и подигнување на нивото на сигурност на граѓаните.
Мандатот на членовите на Локалниот Совет за превенција е четири години.
Локалниот Совет за превенција е една од најпрепознатливите алатки, за развивање и градење на концептот Полициско работење во заедницта, особено во локалната самоуправа. Локалниот Совет за превенција, значително помага за градење доверба и за подобрување на партнерството помеѓу институциите, локалната самоуправа и граѓаните.
Голем број земји во светот, успешно применуваат сличен метод за полициско работење во заедницата, но сепак, секоја земја го прилагодува истиот спрема сопствената култура, потреби и демократскиот капацитет на институциите, како и нивната сервисна улога.