ПОКАНА ЗА СОСТАНОК -ПРОМОЦИЈА НА НОВИТЕ ПОЕДНОСТАВЕНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЦИ

Се известувааат сите правни и физички лица, кои се заинтересирани за инвестиции во поставување на фотоволтаични електроцентрали на кровни конструкции, дека на ден 09.12.2022 година (петок), во салата на Општина Берово, со почеток во 10:30 часот, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, ќе ги презентира измените на Законот за градење и новите поедноставени процедури за поставување на фотоволтаици.

Граѓаните ќе можат да ги добијат сите информации за измените на Законот за градење во делот на поставување на фотоволтаици и да добијат одговор на сите прашања.

Горе