Oпштинa Берово наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето

Oпштинa Берово наградена со Европска ознака за извонредност на управувањето, од страна на Европската организација за локална демократија – АЛДА.

Општина Берово,  успешно го спроведе процесот на самоевалуација и покажа високо ниво на усогласеност со 12 Начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

Денеска, Градоначалникот на Општина Берово, ја прими наградата, на чие што  доделување, присуствуваа претставниците на општините од Македонија, Хрватска и Косово, кои што, исто така,  успешно ги спроведоа процесот.

Официјалниот настан за доделување на Европска ознака за извонредност на управувањето се одржа во Хотел Хилтон во Скопје.

Слободно можам да кажам, дека оваа награда е резултат на успешно справување со предизвиците на модерното време, која што претставува здружен труд,  на  мене како градоначалник на Општина Берово и на тимот на моите соработници, кои неуморно одговараат на сите поставени барања и секојдневно работат во интерес на жителите на Општина Берово-истакана градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Благодарност до моите соработници, за досегашната соработка и се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да го унапредуваме процесот на управување и ќе постигнеме големи резултати во насока на подобрување на животот на жителите на Општина Берово, додаде Пекевски.

Горе