ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Ги  покануваме жителите на Општина Берово и населените места, да учествуваат на буџетски форум кој го  спроведува  општина Берово, како процес пред креирање на Буџетот на Општина Берово за 2023 година .

На форумските сесии, присутните, преку своето учество, ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2022, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2023 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни активности, за да можат подоцна да бидат ставени во  програмите за 2023 и понатаму да бидат составен дел на Буџетот на општината за 2023 година.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 21 октомври 2022 година (Петок) со почеток во 13:00 часот во просториите на Големата сала на Општина Берово.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците  на  институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на Буџет на општина Берово за 2023, по мерка на граѓаните .

Општина Берово

Градоначалник Звонко Пекевски

Горе