Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE ) во Северна Македонија Прашалник за граѓани

„Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE )“ се доделува на
општини кои постигнале ниво на добро управување според стандардите одредени од
страна на Советот на Европа. Ознаката нуди начин за мерење на усогласеноста на
работата на општините со 12 Начела за добро демократско управување на Советот
на Европа.
Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА е носител на акредитацијата
од Советот на Европа за спроведување на проектот „Европска ознака за извонредност
на управувањето во Северна Македонија“. Проектот има за цел да ги подржи
единиците на локалната самоуправа да ги подобрат своите стандарди и да обезбедат
висококвалитетни услуги во рамките на локалната самоуправа.
Прашалникот во прилог има за цел да ја оцени работата на вашата општина преку
споредба со 12 начела за добро демократско управување на Советот на Европа. Ќе
ви бидат потребни 5 минути да го пополните.

Прашалникот можете да го пополните на следниот линк   https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSff0WP9G8RL24vwScaI5HhjiwOPXONObY1DK0Nayxx9P0oUDQ/viewform

 или преку скенирање на QR кодот
Горе